ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ

Политика на приватност

Со политиката на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите веб посетители кои нѐ контактирале преку нашата веб страница како и оние кои ги оставиле своите контакт податоци на нашата Фејсбук страница (во приватна порака или во контакт форма).

Секој корисник при oставање на своите лични податоци изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Заштита на лични податоци
Сите лични податоци кои ќе ги внесете преку контакт форма или ќе ги испратите на Фејсбук фан страницата преку приватна порака, ќе се користат за промотивни цели на услуги обезбедени од авто школата М22, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата ги издвојуваме:
–     Име и презиме
–     Е-mail адреса
–     Град на живеење
–     Телефон за контакт.

Не сте обврзани да го откривате вашиот идентитет или да внесувате било каков личен податок за консултација на www.avtoskolam22.mk .

Некои податоци кои се од личен карактер се потребни за да одговориме на вашите прашања околу обуката за полагање на возачка дозвола. Како што налага законот за заштита на лични податоци, податоците кои се задолжителни се одбележани со ѕвездичка на страниците на www.аvtoskolam22.mk. Останатите факултативни податоци се бараат со цел подобро да ги разбереме и да одговориме на вашите барања како и да ги подобриме нашите услуги.
Собраните податоци се обработуваат електронски. Во секој момент имате право на пристап, промена, поправка, или бришење на вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.  За да го имате ова право треба да ни испратите барање адресирано до :

Авто Школа М22,  Бул. Партизански Одреди 153 Мезанин, 1000 Скопје, Македонија – ТЦ Порта Влае Скопје или на e-mail: m22info@yahoo.com

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

Авто школа М22 го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет страната www.avtoskolam22.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.

Spread the love